Долгогодишниот уредник во радио Скопје и извесен период портпарол на Бранко Црвенковски, Зоран Иванов, од денеска е назначен за нов одговорен уредник на Алфа телевизија, објави порталот “Плусинфо”.
Искра Новаковска, која досега се потпишувала како одговорен уредник на скопската телевизија, била разрешена од менаџментот на телевизијата без образложение и поставена на досега непостоечка и нејасна позиција – уредник на интегрирани редакции. Новопоставениот уредник Иванов од денеска ја превзел функцијата, а досегашната уредничка заминала на годишен одмор.
Заменик на Иванов ќе му биде Костадин Делимитов досегашен уредник на економската редакција. Извори од Алфа тврдат дека поставувањето на Иванов е преодно решение (тој наскоро требе да замине во пензија), а вистинскиот нов одговорен уредник ќе биде Делимитов. Со новото раководство веднаш и вработените во Алфа добиле нови задолженија. Сите задолжително со одлука на директорите мора да отворат своја фан страница на Фејсбук за да ја шират и билдаат гледаноста на телевизијата, стои во статијата на “Плусинфо”.
Chris | ТВ Пакет