Секоја недела, 20.10 часот, Телма, трета сезона
Британската крими драма “Жилетите од Бирмингем” минатата недела заврши со репризно емитување на втората сезона. Како што веќе напишавме, Телма објави дека е “крај на серијата”, наместо на сезоната и ете… од оваа недела во 20 часот, продолжува третата најнова сезона на озогласените Жилети. Серијата е во продукција на BBC во досега 3 сезони со вкупно 18 епизоди, а во главните улоги ги гледаме Килијан Мерфи, Сем Нил, Том Харди, Анабел Волис и Ноа Тејлор.
Во продолжение ве потсетуваме на содржината :
Дејството започна 1919 година во сиромашното предградие на Бирмингем, преполно со криминал. Војниците кои се вратиле од Првата светска војна, политички револуционери и банди, коцкари и проститутки, сите се борат за егзистенција во тој индустриски кварт кој е соочен со големи економски проблеми.
Оружјето, кое е прокриумчарено од европските ровови, успева да се вовлече во тоа општество и е настанат невиден хаос. Комунистите планираат насилна револуција, а Парламентот ја исчекува, подготвен да реагира навремено. Винстон Черчил мобилизира специјални единици на Лондонската полиција за да се позанимаваат со таа опасност и да го решат тој проблем.
И во такви услови во тоа предградие живее многубројното семејство Шелби, кои ја чинат најдивата и најголемата банда – Пики блајндерс, кои заработуваат пари преку крадење, рекетирање и обложување. Водач на кланот е Томи Шелби, најнасилниот меѓу нив, но наскоро неговото водство ќе биде ставено на тест.
Немилосрдниот инспектор Кемпел е оној кој е решен по секоја цена да го уништи начинот на кој кланот Шелби го тероризира местото.
Третата сезона, која започнува од недела, ќе не поведе две години подоцна и тоа на венчавката на Томи и убавата Грејс. Но бракот нема да трае долго, затоа што една неочекувана трагедија ќе го заврши засекогаш животот на еден од младенците. Истовремено, еден руски бегалец, Антон, ќе им понуди на Шелби нов начин на перењето на пари.
Дани | ТВ Пакет