Почетна / Живот / Милионска гледаност на серијата „Chasing history“ со Линдзи Вон

Милионска гледаност на серијата „Chasing history“ со Линдзи Вон

 

Chasing History (Лов на историјата), е документарна серија за славната американска скијачка Линдзи Вон и во првата недела досегна 3 милионска гледаност низ Европа.

 


 

Првите две епизоди премиерно се прикажани на 5 февруари на Еуроспорт 1. Гледачите имаа можност да проследат како Линдзи ги преживеа тешките моменти по повредата, нејзиното опоравување, но и како нејзиниот сон за 86 победа во Светскиот куп се претворил во ноќна мора.

Серијата предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Гледачите се воодушевуваа на менталната сила која Линдзи ја покажала во текот на рехабилитацијата, а потоа и славењето по нејзината 77 победа на Светскиот куп во Гармиш.

 

 

На реакциите Линдзи одговори: „Ме воодушевија позитивните реакции на првите две епизоди #ChasingHistory на Еуроспорт- ви благодарам на поддршката!“

Линдзи на својата збирка медали ја додаде и бронзата од спустот на ФИС Светското првенство во Сент Мориц.

 Третата епизода ја следи Лендзи по победата на Светскиот куп и подготовките за Сент Мориц како и проблемите предизвикани од падот пред самото првенство. На програмата на Еуроспорт 1 серијалот може да го проследите оваа недела во 18:45.

 Пропуштените епизоди достапни се на: http://chasinghistory.eurosport.com/

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!