24ка со репризи наместо со премиерни епизоди на “A&A”
Српската ситуациона комедија “Андрија и Анѓелка” достигна голема популарност во земјите во регионот и од скоро се емитува на телевизија 24 како прва играна програма на оваа фреквенција. Но, очигледно емитувањето на ваков тип на содржини е се уште ново за ребрендираната 24ка.
Имено, првите денови на прикажување, ТВ 24 емитуваше по две епизоди од српскиот ситком. По само два три дена, продолжи со емитување на само една премиерна епизода во 17.45 часот, а веднаш по неа истиот ден реприза на веќе емитувана епизода. Но, потоа серијата продолжи да се емитува со по само една епизода дневно. И логично, таа епизода и треба да е премиерна.
Но во петокот, 10 февруари, ТВ 24 емитуваше реприза на епизода наместо премиерна нова епизода. Минатава недела што измина, понеделникот, вторникот и средата во стандардниот термин одеа премиерни епизоди, но вчера и завчера (четврток, 16.02 и петок 17.02) од “Андрија и Анѓелка” одеа репризи на веќе емитувани епизоди. И тоа во четвртокот беше репризирана 10. епизода, емитувана во понеделникот на 13.02, а во петокот 11. епизода, емитувана вторникот на 14 февруари.
Будното око на нашите читатели и присутни на форумот, веднаш реагираа со прашања – зошто не се емитуваат секој ден нови епизоди на серијата, која и така има 164 снимени епизоди.
Дани | ТВ Пакет