Боки ја соочи Нора за постот на нејзиниот брат Бени
Вчеравечер, тема на дебатната емисија на ТВ 21, “Клик плус” беше : Јазикот – предност или пречка. Фактот дека емисијата оди во живо го искористи гостинот Боки 13, кој реши да се конфронтира со Нора Шакири, која исто така беше дел од дебатата. За водителката стана непријатно тоа што Боки го направи во емисијата, а за него пак, ова беше уште една можност со својот јазик, односно зборови да нокаутира.
“Скоро секогаш останувам смирен, па така им дозволувам на моите соговорници да користат раце и нозе во своја самоодбрана, кога веќе имаат дефицит на зборови и аргументи, гестикулациите се нивно оружје. Моето вистинско оружје секогаш била чистата мисла и кажувањето на вистината во очи, колку и таа да боли” – објави шоуменот на својот ФБ профил, а за што всушност се работи, погледнете од видеото :
Дани | ТВ Пакет