Контактна емисија и на Нова телевизија во 18 часот
Во низата контактни телевизиски емисии, започнува уште една, овојпат на Нова телевизија. Се работи за, веројатно, најстарата контактна трибина во Македонија, своевремено емитувана на Сител телевизија. “Бумбар” со Тања Атанасовска овојпат ќе се емитува на Нова, и тоа од понеделник до петок во 18 часот.
– “Од утре стартуваме со ново на ТВ Нова. Стартуваме со контактна трибина која ќе им овозможи на гледачите да коментираат и да дадат свое видување на најактуелните настани и најатрактивните случувања во земјава и светот, а за кои претходно сме информирани преку вестите на Нова. Ова би значело дека гледачите ќе може да дадат своја евалуација и оценка за настаните на денот. Освен за политика, ќе зборуваме и за спорт и за економија, и за секаков тип на настани кои ќе бидат селектирани и кои го обележале денот.
Остануваме отворени за секакви предлози од страна на гледачите преку телефонските јавувања и преку социјалните мрежи. Денес имаме можност да користиме современа технологија, па така освен преку телефон, ќе може да се гласа и коментира и преку Фејсбук, Твитер, Скајп итн. На тој начин ќе дадеме реална слика на она што се случува во Македонија и емисијата ќе биде вистински пулс на мислењето на народот” – кажува Атанасовска за новиот тв проект.
Дани | ТВ Пакет