Првиот бакнеж на Омер и Дефне
Вечерва на Сител телевизија, веднаш по првата епизода од новата серија “Златни двори”, следува моментот што сите го очекувавте. Првиот бакнеж на Омер и Дефне во “Вљубениот ерген”.
Омилените турски ликови, секојдневно ги следат над 350.000 македонски гледачи. Едноставната приказна исполнета со многу хумор и романса ги натера Македонките во времето на Ергенот да ги остават сите домашни активности на страна, а пак мажите, крај нив, да завидат на животот и стилот на Ергенот.
Дали вечерва, по првиот бакнеж, слатките Омер и Дефне конечно ќе си ја признаат љубовта што ја чувствуваат еден кон друг? Дали ова е почеток на искрена љубов во која тајната на Дефне ќе биде откриена?
По погледите и пеперутките, следува бакнежот. И засега, само бакнежот. За повеќе, ќе почекаме.
Дани | ТВ Пакет