Екипата на утринската програма „Ја сакам Македонија“ влезе во студиото за надсинхронизација на Сител и го затекна процесот на преработка на турскиот мегахит „Вљубениот ерген“.
Комедијата којашто секојдневно урива рекорди и се емитува секој работен ден на Сител телевизија веднаш по „Парампарче“, е еден од најдобро прифатените телевизиски проекти во моментов. Главниот машки лик Омер Ипликчи, кој, всушност е виновникот за големата хистерија околу серијата е надсинхонизиран од македонскиот актер Жарко Димоски. Актерот од Театар Комедија во прилогот на новинарката Весна Јовановска зборува за тоа колку време е потребно за да се надсинхронизира една епизода од серијата, како тој лично го доживува Омер и други интересни моменти поврзани со неговата работа.