Почетна / Серии / Телма репризи : Од среда до петок данската серија „Наследство“

Телма репризи : Од среда до петок данската серија „Наследство“

 

По репризата на “Обвинети”, следува реприза на “Наследство”

 

Секоја среда, четврток и петок во 16 часот, Телма телевизија ќе ја репризира данската серија “Наследство”, емитувана пред повеќе од една година на оваа фреквенција. Серијата е од творците на “Истрага” (Сител) и “Борген” (Сител, Телма) и за разлика од другите дански серии не се занимава со убиства и психолошко откривање на ликовите во светот на политиката и криминалот, туку навлегува длабоко во свеста и раните на модерните семејства во скандинавските земја. Во продлжение ве потсетуваме на содржината :

 

 

Дејството се одвива на имотот на Гронегарден на југот на островот Фин. Вероника Гронегард е позната уметничка која живее богат и ексцентричен живот уште од шеесетите години на минатиот век. Таа има четири деца, кои живеат сосема различни животи затоа што секое од децата имало различно детство.

 

 

Изненадната и неочекувана смрт на Вероника ги собира децата повторно заедно, кои се собираат за да би го поделиле наследството од мајка им. Но, Вероника целиот свој имот го остава на ќерката Сигна, која ја дала на посвојување и која дотогаш не била ни свесна која е, која и е мајка, ниту пак свесна дека е голема богаташка. Тоа е само момент на откривање на мрачните тајни и лаги во семејството.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!