“Притвор” по 21 часот, “Божји оклоп 2” по вечерните вести
Вечерва на Сител, веднаш по новата епизода од викенд комедијата “Добриот домаќин”, ќе се емитува акционен вечерен филм од режисерската палка на Сидни Фјури и со Долф Ландгрен како маестралниот војник Сем.
Филмот зборува за војникот Сем, кој уморен од бојните полиња, одлучува да се врати дома и да направи промена. Неговиот втор дом, колеџот, е нападнат од банда криминалци. А единстено тој може да ги спаси студентите.
Во 23.30 часот, по последниот Дневник, Сител ќе го емитува “Божји оклоп 2” со Џеки Чен во главната улога. Во овој кинески филм од 1991 година, Џеки Чен ќе се бори со еден фашист со цел да го спаси златото од напуштената пустина Сахара.
Дани | ТВ Пакет