“Енџелс Фол” и “Враќањето на змејот” вечерва на Сител телевизија
Оваа вечер на Сител телевизија, веднаш по “Добриот домаќин” ќе се емитува мистериозниот трилер “Енџелс фол”. Бегајќи од демоните на минатото, една жена ќе дојде во мало и запуштено гратче.
Но, една случајна прошетка, ќе ја направи сведок на ладнокрвно убиство. Хедер Локлер ја толкува улогата на Рис, девојката која беше единствен преживеан од масакрот во Бостон и сега повторно ќе биде на чекор до нова мистерија и нова игра на убиства.
Освен “Angels fall”, по вечерните вести, акција за пред спиење со легендарниот Брус Ли на Сител.
Во филмот, Брус Ли од Хонг Конг се сели во Рим, како им помогнал на неговиот вујко и братучетка да го спасат својот кинески ресторан. Затоа ќе мора да се соочи со локалните банди во Италија за да го освари тоа што го сака. Филмот станува особено познат по антологиската сцена во која мајсторот на боречки вештини Брус Ли ќе се соочи со американскиот карате мајстор Чак Норис, кој во тоа време се уште бил непознато актерско име.
Дани | ТВ Пакет