Донирајте за нашиот Стеван !
Добив гаранција од руските лекари дека најмалку 80 отсто од загубената функција на телото ќе ми биде вратена. Единствено во болницата во Москва овој третман трае 12 дена, што и цената на лекувањето ја прави поевтина. За разлика од болниците во Кина или во Швајцарија, во Русија сите трошоци ќе изнесуваат не повеќе од 17 илјади евра.
Вака ја опиша својата тешка битка што во моментов ја води поранешниот кошаркар Стеван Гешоски, кој пред две години доживеа мозочен удар, има отежнат говор, парализирана десна страна како и силни болки во екстремитетите на десната страна и на вратот.
Тој апелира до бизнис заедницата да му помогнат во овој момент, како и до секој добронамерен човек. Во меѓувреме беше прифатена и иницијативата од судиската комисија, за донирање на целокупните приходи на официјалните лица од претстојното 4. коло во кошаркарската Суперлига, а помош ветија и од Здружението на тренерите.
Без нималку двоумење и без размислување Здружението на кошаркарски тренери одлучи да донира средства за новата битка на Гешоски.
Повозрасните љубители на кошарката го паметат Гешоски како еден од најдобрите тогашни македонски играчи, во некогашната југословенска лига, како и капитен на МЗТ и Работнички. Неговите некогашни соиграчи и соработници не го заборавија, па сега кога му се потребни дополнителни средства за неговото лекување во Москва, Русија, од Македонската кошаркарска федерација пратија апел за прибирање на средства за неговото лекување.
Сметка за уплата (НЛБ Банка): 210501570305113
Матичен број: 2212956450033
Адреса на живеење: Ул. Мексичка бр. 3, Скопје
Дани | ТВ Пакет