Пу, пу, не важи – Елена ја повлече изјавата
Македонската фолк пејачка Елена Велевска од неодамна стана ексклузивец на “Пајнер” и бугарската телевизија Планета. Почна да снима нови песни за бугарската телевизија и да има свои настапи во соседна ни Бугарија, како и да гостува и да дава интервјуа. И во едно такво интервју за Планета, Велевска објаснува дека во Австралија се пејат многу од бугарските песни, меѓу кои и “Јовано, јованке” и “Кажи, кажи, облаче ле бело”. Gledy ја пренесе нејзината изјава, а ние нивното видео :
По објавата на видеото, Елена Велевска на нејзиниот ФБ профил се извини до Македонците, велејќи дека погрешно се изразила.
– Тврдам и стојам зад тоа дека “Јовано Јованке”, “Кажи,кажи облаче ле бело” се македонски песни, препеани и во Бугарија и се пеат на секој настап – изјави Елена.
Дани | ТВ Пакет