Почетна / Серии / Британската крими драма „Broadchurch“ во 20:30 часот на Телма

Британската крими драма „Broadchurch“ во 20:30 часот на Телма

Oд понеделник до петок, британска серија во прајмтајм на Телма

Детективскиот инспектор Алек Харди доаѓа во Броудчрџ, мирно крајбрежно градче каде што треба да дојде на работното место на Ели Милер во локалната полиција. Првиот ден од работното место му започнува бурно откако го наоѓаат на плажата телото на 11-годишното момче Дени Латимер, за кое на почетокот се претпоставува дека се работи за самоубиство, но …

Анализите покажуваат дека е извршено убиство. Алек и Ели ќе се соединат да го пронајдат убиецот кој најверојатно се крие помеѓу навидум “совршените“ жители на мирниот град. Малото приморско место одеднаш станува заплеткано во тајни и мистерии, каде секој нешто знае и секој ништо не знае. Случајот привлекува големо медиумско внимание и станува главна линија околу која ќе се врти целото дејство на новтаа крими серија “Broadchurch”.

Oд вторник, 11 април, на Телма телевизија започнува со емитување оваа британска драма, која ќе ја следиме од понеделник до петок околу 20.30 часот, веднаш по “Топ тема”. Серијата ќе ја замени “Пабло Ескобар”, чија последна епизода ќе биде емитувана овој понеделник на 10 април.

“So Close” од Ólafur Arnalds и Arnór Dan е одјавната песна на првата сезона, а пак втората сезона завршува со “So Far”. Во Велика Британија во тек е снимање и емитување на третата сезона. Улогите на главните детективи ги толкуваат Дејвид Тенант и Оливија Колман.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!