На 1 април, Химена и избраникот се заколнаа на вечна љубов
Мексиканската актерка и Мис Универзум за 2010 година, на македонската публика и е позната по главната улога во теленовелата “Бура”, емитувана на локалните телевизии. Во првото дебитирање во играна серија, Химена му беше партнерка на латино заводникот Вилијам Леви и токму поради нивната физичка убавина, серијата предизвика големо внимание кај нивните фанови.
Минатата недела, Химена стапи во брак со мексиканскиот бизнисмен Хуан Карлос Ваљадарес. Свадбата беше особено коментирана на Твитер и останатите социјални мрежи, а во мексиканските медиуми беше главна тема.
“Ти благодарам, Хуан Карлос, што ми ја растрепери и возвиши душата. Ти благодарам за сите убави моменти, љубов и насмевки. Денес започнуваме нова етапа од нашите животи, со желба да го живееме остатокот од нашите животи заедно. Те сакам” – напиша актерката, пред започнување на гламурозната церемонија.
Во продолжение погледнете како изгледаше убавицата на Мексико во венчаница, дизајнирана од Бенито Сантос :
Дани | ТВ Пакет