Почетна / Забава / Евровизија / Сан Марино на Евровизија. Критичарите згрозени!

Сан Марино на Евровизија. Критичарите згрозени!

41/42

 САН МАРИНО

Изведувач: Valentina Monetta
Песна: ‘The social network song’
1 Полуфинале (22/05/2012)

 

Драги мои, ред е да ја претставиме најлошата песна за Евровизија 2012-та! Иако не ми е драго, морам да посветам неколку минути и за нејзиниот опис. Сан Марино, малата земја, која благодарение на Италија и уште некои други земји добива по некој бод, после минатогодишната просечна песна, и според мене уште непрежалената Complice од 2008-та која не влезе во финале, не праќаат нешто сосема различно, што ја осквернави Евровизија и ќе мораме на 22-ри мај да бидеме сведоци на тоа како овие немили три минути ќе го затворат првото полуфинале.

Валентина Монета, џез пејачка, се одлучила да ни пее песна за социјалните мрежи, Фејсбук секако беше првиот наслов на песната, но ЕБУ тоа не го дозволи бидејќи е строго забрането да се рекламира бренд во песните на Евровизија. Иако сите евровизиски фанови потајно се надевавме дека комплетно ќе ја променат песната, а не само дел од тексот, сепак Сан Марино одлучни во своите намери да приредат циркус во мај, ја оставија истата песна со мал променет текст. Јас се уште немам желудник да ја ислушам песната до крај, ви ја оставам вам таа тешка задача! Уживајте, упс… преживејте!

 

 

 

 

DarkShadow | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Копров: Апел до Министерство за култура да одвои пари за Евровизија

Григор Копров, еден од најпознатите македонски поп композитори и хитмејкер, кој работел со многу ѕвезди …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!