Почетна / Филм / Најуспешниот спортски филмски серијал „Роки“ стартува на Сител

Најуспешниот спортски филмски серијал „Роки“ стартува на Сител

 

Филмскиот хит за Роки на Сител телевизија – сабота, 21.15 часот

 

Пред 40 години, публиката од целиот свет имаше можност да го погледне почетокот од “Роки”, приказната за подемот на Роки Балбоа, скромниот боксер од Филаделфија чиј лик го претстави актерот Силвестер Сталоне.

 

 

Сталоне првата верзија на сценариото на филмот ја напиша за 20 часа, инспириран од легендарниот дуел меѓу Мухамед Али и Чак Вепнер. Продуцентите го прифатиле неговото сценарио, но сакале главен актер да биде некој од тогашните холивудски великани. Тогаш анонимниот Сталоне го дозволил снимањето на филмот под ултимативен услов, тој да биде главниот лик. Тоа беше прво од вкупно шесте филмски продолженија за Балбоа во режија на Џон Г. Авилдсен.

 

 

„Роки“ во тоа време беше снимен со буџет помал од еден милион долари, по што заработи повеќе од 225 милиони долари. Филмот освои и три престижни Оскари, вклучувајќи го оној за најдобра фотографија, најдобар филм и најдобра режија.

Една од највпечатливите сцени од Роки, којашто влезе во филмската историја, е онаа во која Балбоа трча по скалите на Музејот на уметноста во Филаделфија, каде што победнички ги крева рацете и скокнува. Денес на тоа место, 40 години подоцна, стои скулптура на славниот филмски јунак.

 

 

Роки Балбоа стана симбол на храброста, одлучноста и истрајноста, а спортската драма доби уште пет продолженија: Роки 2, Роки 3, Роки 4, Роки 5 и Роки Балбоа. И сега, по повеќе од 40 години, на ден пред Христовото воскресение, Сител телевизија го започнува патувањето со Роки. Шест саботни вечери, шест акциони ноќи поминати со најголемиот филмски боксер на сите времиња.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!