Почетна / Забава / Евровизија / Подгответе се за најскапата Евровизија досега!

Подгответе се за најскапата Евровизија досега!

Времето полека истекува, атмосферата е наелектризирана, се создава напнатост. Добредојдовте во еден од најсовршено оганизираните хаоси на светот – Евровизија 2012.

 

 

Последните примери за најголемиот музички фестивал на светот се во финална завршница. Остана уште само еден ден до првите проби на учесниците на годинешното издание. Последните моменти се и најкритични во самата организација, бидејќи постојат голем број детали кои треба да се средат до почетокот на спектаклот. Сите се забрзани, во Баку се работи деноноќно без престан, и така ќе биде се до крајот на Големото финале.

 

 

Кристалната сала во Баку е завршена, а моментално во неа се одржуваат последните технички подготовки, односно се тестираат тонските и светлосните ефекти. Недалеку од салата е изграден и прес-центарот кој се простира на пет илјади квадратни метри. Отворањето на Евровизијата како и интервал настапите, како што најавуваат домаќините, ќе бидат одбележени со церемонии што ќе ви го одземат здивот со несекојдневните сценски дизајни. Сцената на овогодишната Евровизија ќе им овозможи на гледачите 3Д ефекти и светлосни ефекти од најновите генерации. Како што се проценува, за ова 57-мо издание се потрошени речиси 50 милиони евра, што го прави најскапо издание досега во историјата, поскапо и од она организираното во Москва 2009-та година.

 

 

 

DarkShadow | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Програмски совет на МРТ : Да направиме напори за учество на Евросонг

Програмскиот совет на МРТ како тело по третпат, односно трета година по ред, сме сложни …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!