ВИДЕО | Антониа со “Полско цвеќе” во мјузиклот за Тоше
Поради големиот интерес, МОБ најавува уште уште три изведби на мјузиклот во чест на Тоше Проески – “Тајно моја” на 19, 20 и 21.04.2017 со почеток во 20.00ч. Билетите во ограничен број по цена од 600 денари се веќе во продажба на билетарница на МОБ 02 3118451, ЈУГОТОН ГТЦ 1-кат и онлајн на www.mob.mk и www.karti.com.mk
Во претставата на 19-ти главните улоги ќе ги толкуваат: Антонија Гиговска и Александар Тарабунов, на 20-ти Антонија Гиговска и Денис Димовски, додека на 21-ви, повторно Антонија Гиговска и Александар Тарабунов. Во останатите улоги настапуваат: Сара Гигова, Весна Петрушевска, Игор Џамбазов, Десанка Глигоријевиќ, Тони Михајловски,Тања Бојковска, Мила Николовска, Ристе Гавровски,Симеон Коруноски, Лазе Манасковски, Симон Манасковски, Марија Спасовска, Андреа Георгиевска, и Калеша Џангаловска.
Настапуваат Оркестарот, Хорот и Балетскиот ансамбл на МОБ, диригент е Иван Еминовиќ.
Во продолжение, погледнете ја најавата за мјузиклот и изведбата на Антониа на легендарната “Полско цвеќе”. Гласот на Антониа руши брда и планини, секоја чест, девојче!
Дани | ТВ Пакет