Вечерва на Сител во 21 часот – време за акција и криминал
Во време на големата американска депресија, се шири бизнис криминалот на мафијашките кралеви. Но, расте и бројот на жртвите по улиците. Убиствата стануваат најефикасната тактика за превземање на контролата над валканиот бизнис. Акција на улиците на Њујорк во време кога еврејската и италијанската мафија е ставена во опасност од уличните банди на Харлем.
Приказната започнува кога Бампи Џонсон, бивш осуденик, излегува од затвор и се враќа во Хармел во време најпростперитетно за цут на криминалот. Барајќи работа, судбината го поврзува со кралицата на рекетирањето и така станува нејзин “пион”. Иако неговиот пријател и неговата сакана го советуваат да најде чесна работа, сепак Бампи смета дека ова е одлична можност за заработка на еден Црнец. Црниот бизнис толку добро му оди што и познатиот бос Лаки Лучијано сака дел од профитот.
Затоа Лаки праѓа свој човек од доверба д апреговара со Стефани и да се вклучи во бизнисот. Но, преговорите нема да вродат со плод …
Вечерва, веднаш по “Добриот домаќин”, Сител ќе го емитува акциониот трилер “Гангстер” со Енди Гарсија и Лоренс Фишбурн во главните улоги.
Дани | ТВ Пакет