Почетна / Филм / Британскиот крими трилер за единицата „Свини“ вечерва на Сител

Британскиот крими трилер за единицата „Свини“ вечерва на Сител

 

Криминалистички трилер вечерва на Сител во 21 часот

 

Вечерва на Сител телевизија, веднаш по завршување на новата викенд епизода од хит комедијата “Добриот домаќин”, ќе се емитува британскиот акционен филм “The Sweeney”, инспиран од истоимена полициска серија од 70тите. “Свини” е во режија и по сценарио на Ник Лов, а базиран на карактери напишани од Јан Кенеди Мартин. Во главните улоги настапуваат Реј Винстон како Џек Реган, План Би како Џорџ Картер и Дамјан Левис како Френк.

 

 

Приказната ја следи работата на “Свини”, вооружена и опасна полициска единица, предводена од тврдокорен детектив која успешно се бори против криминалот на лондонските улици. Нивната цел е да ги истражат големите кражби и убиства, но и да спречат случување на уште поголеми и поозогласени злосторства. Но, првите луѓе на подземјето нималку не се наивни. Единицата “Свини” потпаѓа во нивната замка, и сега детективот Џек има за задача – да го најде Ален Френсис, опасен и способен криминалец одговорен за кражба на многу скап накит.

 

 

Освен “Свини”, Сител ќе го емитува и филмот “Платен убиец”, веднаш по последните вести, околу 23.30 часот.

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!