Вчера во етер се пушти новиот сингл на Дани, насловен „Нема две”. Песната е дело на Весна Малинова Бабамова (музика и текст), и Кирил Бабамов (аранжман и продуцент), снимена е во XL Студио/Дејан Момировски.
За видеото се користени сцени од првиот колор филм за Скопје, „Градот На Вардар”, снимен 1962-ра година во режија на големиот македонски филмски уметник, Бранко Гапо.
– За што пеам? – За едни подзаборавени суштински вредности. За љубовта, за луѓето, за градот, за срцето. За нас. За еднина. За целина. – Скопјево, ова моево, љубов ми е. Прва. – вели Дани. Оваа песна се наоѓа на најновиот албум на Дани, за кој сме во исчекување. До тогаш, ја имаме „Нема Две”.. За будење, за еднување..
Погледнете, слушнете и уживајте:
| ТВ Пакет