Бугарската серија “Етажна собственост” со уште една реприза на Алфа
Премиерно емитувана пред неколку години, од тогаш неколку пати репризирана. Последната реприза заврши минатата сабота во 11.30 часот, а од вчера повторно истата серија во истиот термин, но со нова реприза од прва епизода. „Соседи во акција“ („Етажна собственост”) е комична ТВ серија од како започна да се емитува во Република Бугарија, во 2011 година, а авторите и продуцентите на серијалот велат дека оваа ТВ продукција е како огледало на современа Бугарија и на нејзините граѓани.
Ликовите во серијата ја отсликуваат современата реалност полна со предизвици кои понекогаш се предизвикани од општеството, но многу почесто од карактерите на граѓаните кои за сите прашања бараат одговори по скратен пат, или на некој друг, свој и особен начин.
Гледачите имаат пред себе личности кои ги раскажуваат своите лични приказни за тоа како стануваат од некогашни Бугари сега стануваат Европејци, односно како некогашниот Бај Гањо, сега е Господин со големо Г.
Серијата предизвикува силна смеа, изобилува со хумор, сатира, и во исто време ги замислува гледачите. Авантурите на главните ликови најилустративно ги отвораат битните прашања на секојдневието, но не советуваат, не даваат одговори, не подучуваат, туку оставаат секој гледач сам да си ги побара одговорите.
Во серијата настапува галерија од најодбри актери од Бугарија како што се: Антон Радичев, Красимир Ранков, Надја Савова, Јавор Гигов, Милена Маркова, Стефан Иванов, Невена Бозукова, Евгени Будинов, Валентин Владимиров, Пламен Добрев, Георги Спасов, Јана Огњанова, Красимир Куцупаров, Елена К’нева, Диди Живкова, Гено Колев, Красимир Ганчев…
Дани | ТВ Пакет