Сезоната има 14 епизоди, но денес на Телма беше емитувана 17 епизода
Последната сезона на “Пекол на тркала” на Телма телевизија очигледно по бројот на емитувани епизоди го надмина и бројот на снимени епизоди. Последната, петта сезона од вестерн серијата, која во моментов се емитува секоја вечер на Телма има вкупно 14 продолженија. Но на Телма, вечерва беше емитувана 17-та епизода од серијата.
Всушност, она што Телма го прави е сецкање на оригиналните епизоди од серијата, кои траат отприлика 42-43 минути. Епизодите кои се емитуваат на Телма траат отприлика 22 минути, што значи половина оригинална епизода. Па така денес беше емитуван првиот дел од 9. епизода.
На оваа фреквенција се случува прв пат да се сецкаат и делат епизоди од американски прајмтајм серии, а сето тоа се случува поради продолжено времетраење на политичката дебатна емисија на Телма.
Дејството на серијата се одвива во шеесетите години од 19. век, веднаш по убиството на Абрахам Линколн и го следи животот на Кален Бонан, бивши војник на Конфедерациската војска кој е во потрага по војниците на Унијата кои ја убиле неговата жена и синчето за време на Граѓанската војна. Потрагата го носи до гратчето Пекол на тркала, каде е започната со изградба првата трансконтинентална железница.
Дани | ТВ Пакет