9 години дружба со Алфа телевизија
Националната телевизија Алфа прославува 9 години постоење во македонскиот телевизиски етер. На 3 јуни 2008 година, започна да емитува програма на македонски јазик во Скопје и со посредство на сателит во цела Европа, Северна Африка и делови на Азија. Од јуни 2013та, Алфа стана национален телевизиски канал и ја промени програмската шема, па така од 2013та до 2016та во нејзината програма можеа да се забележат турски надсинхронизирани серии, теленовели, контактни емисии, како и многу српски риалити и музички емисии.
Но, веќе од лани до ден денес, повеќе од година дена, Алфа не емитува премиерна странска програма, туку постојано се репризираат сериите и емисиите, прикажани минатите години.
Дани | ТВ Пакет