Се ожени Џемал од хит серијата “Ифет”
Актерот Ибрахим Челикол е познат за македонската публика по главните улоги во турските серии “Ифет”, “Милост”, “Специјалци” и “Татко и синови”, а женскиот дел од публиката особено воздивнуваше по неговиот секси поглед во “Ифет”.
Ибрахим минатата недела тајно се ожени со својата сакана Михре Мутлу.
Турските медиуми не беа известени за свадбата, на која присуствувале само тесен круг на нивни роднини и пријатели.
Свадбената церемонија се случила на плажа, по што актерот објави слики на социјалните мрежи.
Дани | ТВ Пакет