Почетна / Филм / Познатиот „Робокап“ и крими драмата „Часови на очај“ викендов на Сител

Познатиот „Робокап“ и крими драмата „Часови на очај“ викендов на Сител

 

Четири филма и овој јунски викенд на Сител

 

Култниот американски “Робокап” доаѓа оваа сабота на Сител телевизија, веднаш по новата епизода на хит комедијата “Добриот домаќин”. Главните улоги на филмот од осумдесетите ги толкуваат Peter Weller, Nancy Allen, Dan O’Herlihy и Ronny Cox, а критиката била секогаш со позитивни реакции за Робокап, филмот кој ни ја покажува хуманоста во еден нехуман свет.

 


 

Приказната се одвива во Детроит, време кога криминалот и корупцијата го запоседнале местото, невработеноста е голема, платите намалени, а полициските шерифи планираат роботи да работат место луѓе во полицијата. Еден полицаец е смртно повреден, а властите тогаш одлучуваат да го реконструираат неговото тело и да создадат масивен робот кој ќе се бори против криминалот и злосторствата.

 


 

Тука започнува нова ера за Детроит, кој во иднината е дувло на криминалот. Само оваа нова машина ќе им се спротистави на оние што го нарушуваат законот. Моќниот и паметен робот влегува во војна со криминалците, но војната излегува од контрола и предизвикува општ хаос во градот. Оваа сабота, очекувајте ја приказната за легендарниот робот – Робокап. 

Po “Робокап” и ноќните вести, реприза на трилерот “Семе на злото” (Cardinal inocence) околу 23.30 часот.

 


 

Кога светски познатa виолинистка ќе се врати во својот роден крај, започнуваат мистериите кои никого нема да поштедат. Серискиот убиец демне во градот, а дали виолинистката ќе биде следната жртва?

Во недела, пак, во 21 часот, нова филмска премиера на Сител. Трилерот “Часови на очај” (Desperate hours) ни го претставува профилот на Мајкл, пореметен криминалец кој го чека ново судење. Како би ја избегнал и оваа затворска казна, тој се одлучува да ја заведе неговата адвокатка Ненси. Ненси, сепак, нема да успее да одолее на неговиот шарм, ќе му помогне да избега, но тогаш тој ќе ја напушти.

 


 

Ненси ќе падне во рацете на ФБИ агентка, но дали часовите на очај за неа ќе значат освестување и потрага по оној кој и го скрши срцето?

И за крај на филмскиот викенд, Сител во недела во 23.30 часот ќе ја емитува фантастичната американска акција “Следбеникот на ѓаволот” од 1998 година. Длабоко под градот кој никогаш не спие, е скриено античко зло. Демон кој ќе биде ослободен после осум века. Историчарите откриваат дека тој е бесмртен, но сепак постои само еден начин да се спречи неговото зло. Во улогата на демонскиот дух влезен во човечко тело, се јавува Долф Лундгрен.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!