Адам со уште еден пласман во следниот круг од “Pinkove zvezde”
Со “Имати па немати” од Џеј, нашиот Адам Лабунски си обезбеди пласман во финалните емисии на српското талент шоу “Ѕвездите на Пинк”. Вчеравечер во розовото студио, долгокосиот заводник од Скопје уште еднаш ги доби симпатиите на женскиот дел од жирито и публиката.
– Пееше сто посто подобро од претходната емисија. И покрај малите фалшеви на крајот на рефренот, сепак си 100% подобар од претходно. Ти благодарам што го послуша мојот совет – искоментира контроверзната Маја Николиќ.
На Драгана Мирковиќ, многу и се допадна што Лабунски добро знае да ги исконтролира бојата на гласот и трилерите, што за еден пејач не е воопшто лесно да го направи тоа.
– Можам да замислам колку ти е потребна концентрација со оглед дека доаѓаш од друго говорно подрачје, од Македонија. Затоа од мене имаш огромен плус – за начинот на кој се претвораш од една во друга интерпретација, како камелеон – додаде фолк легендата Мирковиќ, која не успеа да продаде доволно влезници за концерт во Скопје минатиов период.
Со позитивни реакции се јавија и Шабан Шаулиќ и Зорица Брунцлиќ, со што Адам доби директен пласман во полуфиналните емисии на шоуто на Пинк.
Дани | ТВ Пакет