По Ѓулсерен, умре и новата љубов на Џихан
Вчеравечер, гледачите на Сител телевизија имаа можност да ја проследат последната епизода од оваа сезона на мега хитот “Парампарче”. Крајот на сезоната ги шокираше верните фанови на серијата поради тоа што уште една трагедија го одбележа животот на главниот лик Џихан. Но, зошто уште една хероина врзана со Еркан (Џихан) умира?
После демонстративното заминување на Нурѓул (Ѓулсерен) стана јасно дека Еркан (во серијата Џихан) навистина ги влече сите конци на снимањето на серијата “Парампарче” и се меша како во режијата и сценариото, така и во изборот на актерската екипа. На половина од втората сезона, како замена за Нурѓул доаѓа пријателката на Еркан – Шукран Овали, во улога на психологот Ајше. Шукран Овали се приклучува на актерската екипа по барање на Еркан. Еркан на социјалните мрежи ги блокираше сите фанови кои го критикуваа нејзиното доаѓање, а навредените гледачи своето незадоволство од неговите постапки го споделија на Инстаграм, коментирајќи ги фотографиите на Нурѓул.
Но и Шукран ја снајде нејзината судбина – ја напушти серијата на крајот од втората сезона бидејќи не можеше да се избори со мачоизмот на Еркан, а повеќегодишното пријателство падна во вода. Во официјалното соопштение од продукцијата наведено е дека нејзиниот лик не бил потребен за во третата сезона, но во тоа никој не поверува.
Нејзиниот лик умира на што бевте сведоци вчеравечер, а со кого ќе се заплетка Џихан во последната сезона, дознаваме по летните одмори.
Дани | ТВ Пакет