Вљубениот ерген Омер во едно поинакво издание
Вашиот омилен – вљубениот ерген, својата совршено градена става ја добил не само со режимот на исхрана и живот, туку и со спортските активности кои ги извршува секојдневно. Уште во студентските денови започнува интензивно да се занимава со спорт, па така станува шампион во многу спортски дисциплини како пливање, кајакарство, ракомет, фудбал, кошарка, а лани станува член на боксерски клуб и започнува да учи да плови.
Во последните фотографии го гледаме Бариш, односно во серијата Омер, како тренира теквондо со мастерот на боречките вештини, Фабрисио Камоес. Фабрисио е особено вешт и стручен во бразилското џиу џицу, па така со нашиот Омер почна да тренира боречки спортови.
– Ти благодарам за сѐ што ме научи – изјави актерот со голема благодарница за неговиот тренер и идол.
Дани | ТВ Пакет