Во 2015 и 2016 ги собра сите награди за најдобар мал актер
Приказната за малиот Синан во новата играна серија на Сител, “Мојот син” за само неколку емитувани епизоди ги трогна срцата на македонските гледачи. Солзите и крикот на малото детенце, разделено од неговиот татко, не може да остави никого рамнодушен. Неговиот татко е неправедно обвинет, а душата на Синан ќе копнее и живее за повторно еден ден да биде со своите родители.
9 годишниот Синан е толкуван од страна на Ата Берк Мутлу, млад и перспективен турски глумец, за кого ова не е прва улога во кариерата.
Роден е во 2005 година, а на само 5 годинки започнува да глуми во турски телевизиски серии.
Македонската публика го запозна во хитот “Карадај” каде го толкуваше внукот на Карадај, односно на Махир кој умре во бомба, наместена во колата од страна на непријателот на Карадај.
Во новата серија на Сител, малиот актер добива позначајна улога и со тек на време ќе бидете сведоци на уште повузбудливи дејства поврзани со неговиот лик и неговото семејство. Неговиот живот ќе биде доведен во опасност во понатамошните епизоди, за што допрва ќе гледате и сочувствувате.
Дани | ТВ Пакет