Почетна / Серии / Уште една реприза на Телма попладне – британската „Рајот“

Уште една реприза на Телма попладне – британската „Рајот“

 

Историската мини серија репризно на Телма

 

 

Во попладневните термини околу 13.30 – 14.30 часот, Телма ќе ја репризира “Рајот”. Оваа љубовна и возбудлива драма на два пати не однесе во светот на првата британска стоковна куќа “The Paradise”, по што е и насловена серијата. Базирана е на романот на Емил Зола – “Au Bonheur des Dames”.

 

 

1875 година, младата и убава Денис Ловет од село доаѓа во раскошниот викторијански град како би почнала да работи во продавницата за ткаеини на нејзиниот вујко Едмундо. Но отспротива од нивото дуќанче отворена е гламурозната стоковна куќа “Рај” која го гуши нивниот бизнис. Денис е свесна дека за нејзе нема да има ни просперитет ни пари во продавничката на вујко и, па затоа среќата си ја испробува во “Рај”. Се вработува како продавачка во женскиот оддел и веднаш започнува да биде мета на озборувања, интриги и афери.

 

 

Таа има многу иновативни идеи и со тоа го импресионира Џон Мореј, сопственикот на стоковната куќа, во кого и се вљубува. Но, во Џон е заљубена и богатата и размазена Кетрин, чиј татко е всушност финансиер на бизнисот на Џон. Џон е неодоливо шармантен, на моменти безобзирен, но полн со идеали и желба за успех. Целта на Џон е да го прошири својот бизнис, но која е цената за тоа?

 

 

Приказната за Денис не змисли дали да го следиме своето срце или амбицијата, и дали патот ќе не одведе во рајот или во очајот со погрешната одлука.

 

 

Улоги : Joanna Vanderham, Emun Elliott, Stephen Wight, Sonya Cassidy, Matthew Mcnulty, Elaine Cassidy, Finn Burridge, David Hayman, Peter Wight, Sarah Lancashire, Ruby Bentall, Patrick Malahide

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!