Почетна / Телевизија / По првата сезона од „Андрија и Анѓелка“, ТВ 24 со реприза во ист термин

По првата сезона од „Андрија и Анѓелка“, ТВ 24 со реприза во ист термин

 

Српскиот ситком репризно на ТВ 24

 

“Андрија и Анѓелка” е српска хумористична серија, која во текот на 2015 и 2016 година се емитуваше на Прва телевизија во Србија и достигна голема гледаност и популарност. Во другите земји во регионот се прикажуваше на Прва (Црна Гора), РТЛ (Хрватска), Хајат (Босна и Херцеговина). Откако ТВ 24 ја емитуваше првата сезона, веднаш започна со реприза на истата во истите термини.

 

 

Андрија и Анѓелка, пар во своите средни триесетти, се типичен пример за тоа што се случува кога маж и жена живеат заедно. Иако со години се во врска и искрено се сакаат, сепак често еден на друг си одат “на нерви”, без разлика дали се наоѓаат во спалната соба, во супермаркет или на вечера со пријателите.

 

 

Нивните желби и хирови се потполно различни, а типично машко-женските погледи кон светот предизвикуваат лавина на несогласувања и препирки за разно разни прашања околу сексот, љубомората, парите, децата, нивните пријатели, обврските во домот итн. Во секој случај, за Андрија и Анѓелка нема табу тема, туку секое прашање од животот за нив е урнебесна слика на модерното живеење.

 

Улоги : Андрија Милошевић и Анђелка Прпић

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!