Лејди Гага веќе еднаш крена голема прашина околу себе кога на “MTV VMA 2010” се појави со фустанот од месо на дизајнерот Франц Фернандез. Сега повторно го стори тоа.
На својот Твитер профил таа објави фотографија од својата нова концертна турнеја “The Born This Way Ball”, на која таа е облечена во фустан од месо и е опкружена со убиени животни.
Контроверзната пејачка на својата втора турнеја замина на 27-ми април. До сега се договорени 66 концерти, од кои последниот ќе се одржи на 17-ти ноември во Аргентина. Најблискиот концерт до нашата територија од оваа турнеја ќе се одржи во Софија на 14-ти август. Па ако сте голем фан на Лејди Гага, и ако сакате да ја видите во нејзиниот фустан од месо, ова лето посетете ја Бугарија.
Chris | ТВ Пакет