Oд 20 јуни започна нов серијал на Дискавери
Копањето на злато во денешно време е тешка професија, но на еден остров во близина на Папуа Нова Гвинеја, во југоисточна Азија, мештаните се соочуваат и со еден многу необичен проблем. Низ островот тече река во која освен тоа што е една од најголемите неискористени златни резерви на светот, има и диви крокодили кои ги одземаат животите на мештаните кои се обиделе премногу да се доближат до брегот.
Да стигнат до големото богатство кое се крие под речната површина, мештаните ангажирале луѓе кои имаат добри познавања на рударските техники, поседуваат добра опрема и знаење како да се справат со речните поплави.
Ќе биде ли нивното искуство ќе биде доволно добро за соочување со гладните крокодили кои ја бранат својата територија откријте на Дискавери каналот во новиот серијал „Легендата за крокодилското злато“ секој вторник во 21 часот.
Дани | ТВ Пакет