Почина Хосе Антонио Бордељ, пејачот на “Касандра”
Espiritu del viento,
Hija de la luna,
Amante solitaria
Que grita en el silencio
vagando el sentimiento,
En soledad.
Песна која многумина ги потсеќа на детството, на првите мигови минати со телевизијата, песна која сите ги враќа на едно минато и спокојно време. Времето кога улиците во Македонија и насекаде на Балканот беа буквално празни. Време кога без трепнување се пратеше сагата за белата Циганка – Касандра.
Со првите тактови од песната, во далечната 1997 година се знаеше дека почнува “Касандра” и дека нема повеќе дискусија, се гледа епизодата и идниот ден се коментира на улица, во училиште, во канцеларија, на пазар, во продавница… Се купуваа секакви венчиња што ги носеше Касандра во серијата, се разменуваа сликички, се читаа епизодите во “Вечер”, се купуваа касети за однапред да се знае што ќе се случи. Манијата наречена Касандра е нешто кое во светски рамки не може да се повтори и доживее повторно.
Легендарната песна за Касандра до ден денес предизвикува морници и носталгија кај сите што ја слушаат. Со неа започнуваше шпицата во која напамет го знаевме распоредот на ликовите и глумците, а со песната и завршуваше епизодата чија одјавна шпица ја гледавме до последната секунда, уживајќи во овој безвременски хит.
Хосе Антонио Бордељ е венецуелскиот пејач и композитор кој ја отпеа музичката тема на “Касандра”. И токму денеска, 1 јули, пејачот е убиен во мафијашка престрелка во раните утрински часови. Веста за неговата смрт ја објави неговата сопруга на Твитер, а за кратко време ги обиколи медиумите во сите земји во кои теленовелата направи телевизиска револуција.
Хосе Антонио е познат по победата на фестивал во Перу со песната “Puedes contar conmigo”, а со своите браќа беше дел од музичкиот бенд Unicornio.
Нека почива во мир! Она кое секогаш го остави за своите слушатели, дури и таму далеку на Балканот е музиката на “Касандра” чија моќ и автентичност засекогаш ќе ни буди најубави сеќавања.
Дани | ТВ Пакет