Нова реприза на невидените “Слики од животот” на Алфа
Документарната серија „Слики од животот“ имаше за цел да ги документира, раскаже и визуелно наслика луѓето, местата и нивните приказни, но и ни откри понекоја нова информација, куриозитет врзан за тие локации и луѓе, кои се недоволно презентирани во јавноста. Секое утро во 7 часот, повторно репризи од документарката за верските празници на селаните.
Оваа серија всушност е замислена како еден вид лична карта за местата и луѓето покрај кои минуваме, но не застануваме да ги видиме и слушнеме. Секоја епизода беше составена од неколку приказни врзани за луѓето и за просторот во кој живеат, но и за големите верски празници кои ги празнуваат.
На почетокот од секоја епизода го лоцираме градот/селото околу кој гравитираат луѓето. Ако градот/селото има старо, автентично сочувано јадро специфично, Алфа разговараше со локалните жители кои ја знаат историјата на тоа место, ги познаваат старите семејства и нивните куќи и раскажуваат интересни случки врзани за таа микролокација. Оттаму приказната се шири во куќите и дворовите, во шталите и нивите на оние кои се во центарот на нашето внимание – луѓето.
Низ многу македонски села ги слушнавме животните приказни на селаните, дознавме нешто повеќе за нивното секојдневие, за работата, за спокојниот селски живот, но и за случките кои го обележале нивниот живот. Во секоја епизода беа опфатени од 3 до 4 села од секој регион со што се покажа нивниот менталитет, јазик, обичаи и спецификите на луѓето од тој крај до гледачите. Големите верски празници на кои се собираат многу верници беа исто така тема во секоја епизода. Дел од службата, изјавата од свештеникот/монахот и разговорите со верниците го прикажаа заедништвото на народот и обединувачкат улога на црквата.
Гледачите имаа можност да слушнат интересни животни приказни од сите делови на Македонија, видоа села и области за кои можеби никогаш не слушнале, а видоа и обичаи и црковни служби полни со духовност и мистика.
Целта на документарната серија „Слики од животот“ е да документира и спаси од заборав животните приказни кои досега не биле медиумски раскажани, да покаже места кои малкумина ги посетиле и виделе, а во себе кријат вистински богатства, да ги доближи духовните вредности кои ги проповеда христијанството, да го објасни значењето на празниците, но и да ја прикаже силната верба на луѓето кои одат во храмовите за време на празниците.
Дани | ТВ Пакет