Деведесет и деветто продолжение од вебновелата “Црвена месечина”
Алехандро гледаше шокирано во девојката пред себе. Во онаа палава тинејџерка која го опседнуваше додека живееше во пансионот на доња Висента.
– Сеси, навистина не знам што зборуваш, но тоа дете не е мое, не може да биде.
– Те молам не ме одбивај, Алехандро, потребен си ми, – рече девојката барајки ја неговата прегратка. – Не знаеш каков кошмар беше за мене да се соочам со фактот дека сум бремена, на само шеснаесет години. Татко ми сакаше да ме затвори дома, а мојата тетка одлучи да го даде детето на посвојување кога ќе се роди. Ти си единствениот кој може да ми помогне, Алехандро.
– Но, тоа дете не е мое, Сеси, не може да биде.
– Зошто негираш кога јас и ти ја знаеме вистината. Те љубам и чекам твое дете, зошто не го прифатиш тоа?
– Сесилија, тоа дете не е мое! Можам да ти помогнам парично ако сакаш, но никогаш нема да ја прифатам таа одговорност бидејки јас не сум татко на тоа дете! Никогаш не сме биле интимни!
Девојката го гледаше со крвави очи. Беше на работ да заплаче, но гордоста не и дозволуваше.
– Зошто ме одбиваш?, – го праша барајки ја неговата прегратка. – Толку сум одбивна што не заслужувам ни да ме сослушаш?
– Сеси, не сум сам во мометов. Мојата пријателка е во соседната соба, имав многу тежок период и најмалку сега ми требаат твоите приказни.
– Те разбирам. Тогаш, да се видиме вечер. Во паркот, кај езерото. Во десет часот.
– Зошто да се видиме? Јас не ти должам ништо.
– Мислев дека рече дека можеш да ми помогнеш.
– Да, парично, тоа е се што можам да сторам за тебе.
– Те молам биди вечер во паркот, ќе те чекам кај езерото, – додаде девојката и ја напушти просторијата.
Алехандро пријде до масичката и посегна по она што беше останато во чашата од неговиот пијалок. Му требаше нешто жестоко.
– Кој беше?, – праша Дијана кога се врати назад, облечена за излегување.
– Една девојка која тврди дека очекува мое дете.
– Како?, – праша Дијана со широко отворени зеници.
– Мислам дека ти имам зборувано за неа, од панисонот на доња Висента, Сеси.
– Мислев дека рече дека никогаш не си бил интимен со неа.
– И не сум. Таа девојка има проблем и потребна и е помош. Треба да се најдеме вечер во десет во паркот кај езерото. Сакам да и помогнам финансиски.
– И зшто да и помогнеш? Ти не и должиш ништо.
– Жал ми е за кутрата. Нејзиниот татко мора да е загрижен за неа, побегнала од дома најверојатно.
Кога падна ноќта, Алехандро слезе од такси возилото каде што требаше да се најде со Сеси, му плати на таксистото и погледна во рачниот часовник. Имаше подрането пет минути. Местото беше полно со луѓе, полицајци, експерти и амбулантно возило чија сирена одекнуваше во ноќта. Покрај мочуриштето лежеше труп на млада девојка, иако беше благо деформиран, Алехандро заклучи дека мртвата девојка е Сеси.
– Што се случило овде?, – праша една постара госпоѓа која беше присутна.
– Чуварите нашле труп на девојка во езерото. Сеуште е непознато дали се убила или е убиена.
Некое време подоцна…
Марија Клара лежеше на креветот во својата соба кога влезе Клеменсија. Старицата ја затвори вратата зад себе и пријде до својата внука.
– Дали си бремена?, – ја праша.
– Зошто?
– Алтаграсија вели дека скоро два месеци не користиш влошки за менструација.
Младата жена само ја заврте главата кон прозорецот. Нејзиниот молк и беше доволен одговор на старата дама.
– И чие е? На Фабијан или Алехандро?
– На Алехандро, – одговори.
– Но, мислев дека бевте интимни само еднаш…Дали си сигурна? Не постои ли ниту мала шанса да е на твојот сопруг?
– Не.
– Господе мој. Каква трагедија, – крикна старицата, седнувајки на фотељата. Чуствуваше како и попуштаат нозете. – Мораш да кажеш дека е од Фабијан.
– Во никој случај. Детето е од Алехандро.
– Но, несреќникот е во затвор. Зарем сакаш таткото на твоето дете да биде затвореник?
– Алехандро ќе се врати, знам…
– Нема да се врати, небо мое. Биди разумна, ќерко. Мораш да мислиш и на тоа дете кое расте во утробата. Што ќе рече селото кога ќе дознае дека очекуваш дете од затвореник?
– Сеедно ми е што ќе рече селото, послугата или ти. Јас носам дете од човекот кој го љубам и за мене тоа е она најважното. И не губам надеж дека Алехандро ќе се врати.
– Тој човек е осуден за убиство на невина жена.
– Алехандро не е убиец.
– Во секој случај, таквите спорови се долги. Те молам, те проколнувам, речи дека е на Фабијан.
– Дури и да не го видам десет години, секогаш гордо ќе велам дека детето е од Алехандро, – беше последната одлука на Марија Клара.
Во следниот момент, заѕвоне телефонот и Марија Клара потрча да ја подигне слушалката. Секој пат кога ќе заѕвонеше телефонот, се надеваше дека е тој, но овој пат беше во право.
– Марија Клара, љубов моја, – го препозна неговиот глас.
– Алехандро?!, – крикна таа со солзи во очите, притискајки ја слушалката, како да го притиска неговото тело.
Клеменсија стана од фотељата и пријде до прозорецот. Не сакаше нејзината внука да го види нејзиниот израз на лицето кога ќе сфати дека ја лажела цело време. Во договор со Алтаграсија, секој пат кога Алехандро ја бараше, тие велеа дека младата жена заминала од хациендата.
– Зошто не ми се јави цело ова време, мил мој?
– Те побарв неколку пати, но твојата тетка и Алтаграсија ми кажаа дека си заминала од хациендата, дека повеќе не живееш таму.
– Како?, – праша Марија Клара гледајки со презир во својата тетка. – Кога доаѓаш?
– Задутре, – одговори тој.
Од друиот телефон во дневната сала, Магнолија го преслушкуваше телефонскиот разговор.
– Ќе те чекам кај Изворот, бидејки сакам да те видам насамо.
– Како ќе кажеш. Те љубам.
– И јас тебе. Догледање.
Само што го заврши телефонскиот разговор, Алехандро слушна тропање на вратата од хотелската соба и стана да види кој е. На негово големо изненадување, пред себе ја здогледа Висента.
– Вие?
Откога Марија Клара го заврши телефонскиот разговор, ја спушти слушлаката и погледна кон својата тетка. Имаше толку многу прашања во тој момент, толку насобран бес, но среќата која ја чуствуваше дека го слушна неговиот глас, дека знае за неговото враќање, направија да заборави на се. Само притрча во прегратката на својата тетка и цврсто ја прегрна, шепотејки низ солзи радосници:
– Се враќа за два дена.
Алехандро одвај можеше да поверува кога пред себе во хотелската соба во Мексико Сити, ја здогледа Висента.
– Здраво, Алехандро. Смеам ли да влезам?
– Да, да, секако, доња Висента. Од каде вие овде?
– Во Мескико Сити сум веќе неколку денови. Слушна за смртта на Сесилија?
– Да, страшна трагедија. Велат дека се фрлила во езерото и се удавила. Бев подготвен да и помогнам, парично.
– Алехандро, знаеш дека никогаш немав доверба во тебе. Уште првиот ден кога дојде во пансионот, претставувајки се под друго име, знаев дека нешто матиш. Неколку дена пред да почине, Сеси ме побара во пансионот и ми кажа дека носи твое дете…
– Тоа не е вистина, доња Висента…
– Дозволи ми да завршам. Сесилија беше очајна да стапи во контакт со таткото на своето дете и и ја дадов твојата адреса, која претходно ја побарав од Алтаграсија. Што се случило откако кутрата девојка дошла тука, навистина не знам. Затоа и дојдов да ми објасниш.
– Како прво, јас и Сесилија никогаш не бевме интимни и тоа го разјаснивме уште тогаш. Сеси дојде и ме побара, тврдејки дека носи мое дете. Јас не сум малоумен, ниту бев под дејство на алкохол таа вечер и свесен сум за своите постапки. И реков дека ќе и помогнам парично, бидејки само така и можам да и помогнам.
– И од каде пари за да и помогнеш?, – праша Висента.- Колку што знам, до скоро беше бегалец од правдата.
– Мојот менаџер ми префрли пари за мојот последен снимен филм. Со парите кои сакав да и ги дадам на Сесилија, ќе имаше доволно за пристоен живот за себе и своето дете, барем додека не застане на нозе.
– И тие пари никогаш не ги доби кутрата девојка?
– Не, бидејки кога стигнав на местото каде што требаше да се најдеме, веќе беше мртва.
– Убиена, мислиш.
– Вештаците рекоа…
– Не ми е гајле што рекле вештаците, – дрско го прекина Висента. – Сесилија беше убиена таа ноќ и јас ќе го докажам тоа.
– Ова е апсурд, доња Висента. Доаѓате тука и ме клеветите за убиство. Кажете ми, зошто морам да продолжам да ве слушам?
– Бидејки знам кој си, Алехандро Молина. Истражував долго…Се започна од сомнеж, кој на крајот се претвори во вистина. Или повеќе сакаш да те викам, Алехандро Негрете?!
Продолжува…
LucasScott | ТВ Пакет