Прилепчани и останатите гости на Пиво Фест вчеравечер уживаа во музиката на Елена Велевска, Анабела и Харис Џиновиќ. Она што беше чудно за публиката е одлуката на Велевска да пее плејбек.
Таа ги отпеа своите хитови па сцената и ја отстапи на Анабела која ја вжешти атмосферата со старите хитови на Faunky G, а танчерките кои ја придружуваа предизвикаа дополнителни овации. Како што и очекувавме, Харис Џиновиќ беше ѕвезда на вечерта, неговите хитови создадоа една голема кафана на отворено, публиката буквално полуде.
Вечерва на сцената се очекуваат Тајфата и Димитар Андоновски, Оркестарот на Џамбо Агушев и Северина. Агушев најави дека ќе го отсвири мегапопуларниот латино хит „Despacito“.