Почетна / Филм / SHARK WEEK: Плива ли Фелпс побрзо од големата бела ајкула?

SHARK WEEK: Плива ли Фелпс побрзо од големата бела ајкула?

 

Од понеделник до недела на Дискавери – Недела на ајкулите

 

Неделата на ајкулите (Shark Week), најочекуваниот телевизиски настан на летото, се враќа на Дискавери од понеделник 24 јули. Морските ајкули се главни ѕвезди на летната програма на Дискавери веќе 29 години по ред, а овој пат им се придружува и Мајкл Фелпс, освојувач на најголемиот број олимписки медали во историјата.

 

 

Фелпс ќе се запознае со ајкулите и ќе научи многу за овие животни, меѓу другото и како да нурка со нив. Не очекува и одмерување на силите во филмот „Фелпс против ајкула“, во кој пливачот со помош на најмодерната технологија ќе види дали може да плива брзо како големата бела ајкула. Одговорот на ова прашање ќе го дознаеме во недела на 30 јули.

Неделата на морските ајкули секој ден ни донесува нови интересни приказни за морските ајкули снимени со помош на иновативна технологија која ќе ни овозможи увид на уникатните видови на ајкули. Ова е прва година во историјата на франшизата кога „Неделата на ајкулите“ ќе биде ускладени низ целиот свет, односно ќе се емитира во текот на една недела на Дискавери каналот во сите 220 земји и територии низ светот.

 

 

Распоред на програмата за „Шарк Вик“ 2017:

ЗА АЈКУЛИТЕ СО МАЈКАЛ ФЕЛПС – понеделник, 24 јули 23:00 часот

АЈКУЛИТЕ ПРОТИВ КРОКОДИЛИТЕ- вторник, 25 јули 23:00 часот

АЈКУЛИТЕ И ГРАДОТ: ЛОС АНЏЕЛЕС- среда, 26 јули во 23:00 часот

ГОЛЕМИОТ БЕЛ СЕРИСКИ УБИЕЦ- четврток, 27 јули во 23 часот

МОРСКАТА АЈКУЛА ЧЕКАН: УБИСТВЕН АПЕТИТ- петок, 28 јули во 23:00 часот

АФРИКАНСКО САФАРИ СО АЈКУЛИТЕ- сабота, 29 јули во 23:00 часот

ФЕЛПС ПРОТИВ АЈКУЛА- НЕДЕЛА, 30 јули во 23:00 часот

 


 

Sharkopedia.com и понатаму останува најдобра онлајн дестинација за сите информации за ајкулите. Sharkopedia и оваа година е проширена со нови материјали, вклучително и зачудувачки фотографии, видео содржини, интервјуа со експерти и интерактивни искуства.

 

 

Oceana и Discovery повторно се здружуваат за спас на ајкулите. Во соработка со другите големи брендови, целта е да се соберат доволно средства за проектот Oceana, активација на обележувањето на ајкулите и развој на содржина за едукација на луѓето околу важноста на ајкулите во нашиот екосистем.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!