Вечерва, 21 часот, Сител ТВ – веднаш по Домаќинот
Еден од низата култни комични филмови за Пинк Пантер од 1976 година ќе имате можност да го проследите вечерва во неделната филмска програма на Сител телевизија. 21 часот е термин за хумор и стари досетки со јунаците од “The Pink Panther strikes again” во продукција на Блејк Едвардс.
Бившиот главен инспектор Дрејфас поминува веќе трета година во санаториум откако инспекторот Клузеј го доведе до нервен слом. И сега, по три години, кога Дрејфус смета дека е излечен, треба да помине пред комисија која мора да одобри негово отпуштање од болница. Но, баш тој ден Клузеј решава да го посети својот “стар пријател” во болницата со што уште еднаш ќе го изнервира и извади од такт. На тој начин ја упропастува приликата на Дрејфус да излезе од болница.
Потполно излуден, Дрејфус бега од санаториумот и решава да му се одмазди на Клузеј, кој во меѓувреме ја превзел и неговата работна позиција како заповедник во полицијата. Дрејфус собира неколку криминалци и изумители на опасни смртоносни отрови, со што ги уценува Владите на сите држави дека ќе го уништи светот доколку не му го предадат Клузеј. Клузеј е повторно мета на многу платени убијци, но и сега успева да се спаси благодарение на неговата среќна ѕвезда.
“Пинк Пантер повторно напаѓа” е петти дел од циклусот филмови за снаодливиот инспектор, во кој преовладува многу хумор и духовити дијалози.
Дани | ТВ Пакет