Народна песна во надсинхронизацијата на “Повторно роден”
Летната интригантна семејна драма “Повторно роден” ги “закова” македонските гледачи секоја вечер во 21 часот на Сител телевизија. Во време кога и, за некое чудо, многумина не се заминати по одмори, серијата успева да ги релаксира и заинтригира гледачите на крајот од жешкиот ден.
Во петочната епизода од новелата, имавме можност да слушнеме македонска песна. Се работи за “По друм одам, мајче” која македонските актери што надсинхронизираат одлично ја доловија во рамки на сцената и амбиентот. Секако, таа песна не оди во оригиналот на турски јазик, но за потребите на македонската публика, интересно е и да се вметне вакво нешто. Уживајте :
Дани | ТВ Пакет