Почетна / Живот / SHARK WEEK : Што ќе гледате до крајот на неделата на Дискавери

SHARK WEEK : Што ќе гледате до крајот на неделата на Дискавери

 

Неделата на морските ајкули секој ден ни донесува нови интересни приказни за морските ајкули снимени со помош на иновативна технологија која ќе ни овозможи увид на уникатните видови на ајкули. Ова е прва година во историјата на франшизата кога „Неделата на ајкулите“ ќе биде ускладени низ целиот свет, односно ќе се емитира во текот на една недела на Дискавери каналот во сите 220 земји и територии низ светот. Во продолжение, прочитајте што ќе следите до крајот на Шарк Вик 2017 :

 

 

 АЈКУЛИТЕ И ГРАДОТ: ЛОС АНЏЕЛЕС- среда, 26 јули во 23:00 часот

На брегот на Лос Анџелес има бели ајкули повеќе од било кога претходно, а изгледа дека ловат и вон сезона. Доктор Крис Лов, директор на ЦСУЛБ Шарк Лаб, сака да знае зошто бројот им се зголемува. Неговата истрага ги води на Гвадалупе, остров близу Мексико, каде ќе ги пронајде одговорите на своите прашања.

Продукција Arrow Media.

 


 

ГОЛЕМИОТ БЕЛ СЕРИСКИ УБИЕЦ- четврток, 27 јули во 23 часот

Секоја втора година во октомври- 2008, 2010, 2012 и 2014- една осамена плажа на калифорнискиот брег беше место на ужасни напади на големата бела ајкула. Дали е во прашање една ајкула која постојано се враќа и дали имало напад и во октомври во 2016?

Доктор Мајкл Домејер верува дека нападите на сурферската плажа не се случајност. Со помош на експерти за ајкули, Ралф Колиер и Кал Лутеран, и со помош на сателитските ознаки и ДНК технологијата, Доктор Мајкл сака да дознае за која ајкула точно станува збор.

Продукција Shark Entertainment.

МОРСКАТА АЈКУЛА ЧЕКАН: УБИСТВЕН АПЕТИТ- петок, 28 јули во 23:00 часот

На почетокот на ноември, големи морски чекан ајкули доаѓаат до Бимини (Бахами). За да откријат зошто, експертот Тристан Гатриџ ги следи овие осамени грабливци. Со ултразвук кај женките е утврдено дека очекуваат младенчиња. Гатриџ верува дека зимата ја поминуваат до Бимини за да осигураат доволно храна за младенчињата кои во нив се развиваат, а потоа се селат на брегот на Флорида во потрага по нов плен. Доказите се непогрешливи.

Продукција Icon Films.

 


 

АФРИКАНСКО САФАРИ СО АЈКУЛИТЕ- сабота, 29 јули во 23:00 часот

Мадагаскар не е познат како локација за големите бели ајкули, а сѐ тоа според податоците со кои располагаат експертите дека големата бела ајкула и „тигрестата“ ајкула се изумрени од водите на Мадагаскар. Зошто тогаш една ајкула која е означена во Јужна Африка патувала 2400 километри од африканскиот брег до Мадагаскар? За тоа да го истражи, Крег О’Конол заедно со својот тим патува на тој далечен остров за да истражи дали Мадагаскар е нова локација на големите бели ајкули.

Продукција Arrow Media.

 


 

ФЕЛПС ПРОТИВ АЈКУЛА- НЕДЕЛА, 30 јули во 23:00 часот

Ајкулите се едни од најбрзите и најефикасни грабливци на планетата. Видете што ќе се случи кога Мајкл Фелпс, најуспешниот светски пливач со дури 39 светски рекорди и 23 олимписки медали, ќе открие дали може да плива побрзо од неговиот најголем соперник до сега? Големиот пливач се споредува со најуспешниот предатор во океанот. Фелпс против ајкула. Трката започнува!

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!