Ајшеѓул станува жртва на сопствениот татко ?
Возбудлива епизода од семејната крими драма “Мојот син” – вечерва на Сител. Кумот на мафијата, господинот Бахри наредува да се убие неговиот непријател Зафер и со тоа да се стави крај на нивната нетрпеливост. Задачата треба да ја изврши Појраз и луѓето на Бахри. Мета на атентатот е Зафер, кој се наоѓа во неговиот автомобил.
Она што никој не претпоставува е дека во автомобилот е и Ајшеѓул, убавата хероина и љубена на Појраз. Чукнува часот кога луѓето на Бахри ќе треба да пукаат кон автомобилот.
Ајшеѓул е внатре… дали таа ќе стане жртва на мафијата и наредбата на татка си? Дали Појраз ќе може да ја спречи големата трагедија или никогаш да не си ја прости смртта на саканата? Дознајте вечерва на Сител во 19.50 часот.
Дани | ТВ Пакет