Време за нова индиска невеста на Алфа
Конечно, по година ипол константно емитување на репризи на серии и емисии, Алфа започнува со емитување на нешто премиерно. Се работи за нова индиска серија која ќе започне во септември.
И покрај тоа што се работи за индиска сапуница, сепак е за поздрав потегот на Алфа за емитување на премиерна содржина во својата програма. Имајќи во предвид дека претходната индиска серија “Отфрлена” на Алфа од почетокот до крајот имаше своја публика, веројатно е и дека новата серија ќе има своја гледачка публика.
Се работи за серијата “Saraswatichandra“, снимена во 444 епизоди, односно 222 епизоди во траење од 45 минути. Приказната ги следи младите Сарас и Кумуд чиј брак го договараат нивните семејства. Индиската невеста Кумуд ќе мора да се навикне на новиот начин на живот откако ќе се всели во куќата на сопругот. И покрај тоа што несакајќи влегоа во брак, за набрзо и двајцата ќе сфатат дека се вљубуваат еден во друг.
Дани | ТВ Пакет