Почетна / Серии / „Комшиските приказни“ продолжија на Алфа со втора сезона

„Комшиските приказни“ продолжија на Алфа со втора сезона

 

Комичната серија со втора сезона на Алфа

 

Оваа есен на Алфа ќе се емитува втора сезона од домашната играна серија “Комшиски приказни”. Дел од тимот на реализација (сценарио, режија) и во новата сезона се Елена Стојановска, Весна, Владо Младеновски, Димитар Банов и Марина Јовановска, потпомогнати од поискусните Стево Симски и Драган Вељановски, а актерската екипа ја сочинуваат Магдалена Ризова, Кирил Андоновски, Диме Коцевски, Благица Ристов, Винета Дамческа, Ердоан Максут, Теоман Максут, Марија Ѓоргијоска, Никола Колев, Андреа Голуб, Љупчо Ангеловски, Дарко Богески.

 

 

Телевизиската серија „Комшиски приказни“, како што вели Алфа, го потврдува живиот дух на македонските традиционални приказни. Тие биле исечоци од животот, од богатиот живот на народот на овие простори и со своите универзални пораки, еве, опстанале и до ден денеска. Веќе подолго време македонските народни приказни се креативно и поттикнувачко јадро и за современата телевизиска продукција.

 

 

Новата сезона приказни започна во саботата на 22 октомври и ќе се емитува секоја следна.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!