Почетна / Серии / Oд 18. септември на Сител, ја запознавате пливачката во „На терапија“

Oд 18. септември на Сител, ја запознавате пливачката во „На терапија“

 

Која е Ивана? Што крие таа? Има ли спас за нејзината болка?

 

Олимписка пливачка надеж чија надеж полека, но сигурно тоне. Ивана е само една жртва од пропаднат брак на своите родители, која спасот од семејните проблеми го побарала во спортот. Се вљубила во својот тренер, но поради тоа што таа врска не може да опстои, таа се обидела да се самоубие. Од 18 септември, Ивана ќе доаѓа на сесии кај доктор Виктор Терзиев, каде ќе ја отвори Пандорината кутија од која ќе излезат низа скриени тајни и фрустрации.

 


 

Младата актерка Ангела Димитрова го толкува ликот на спортистката во новата лиценцирана серија “На Терапија” (Сител). Потсетуваме, широката популарност и гледаност на форматот „На терапија“ се должи на интелигентниот концепт и на маестрално изградените карактери со чии уникатни животни приказни може да се идентификува секој гледач.

 

 

Низ призма на личното, „На терапија“ ги отсликува колективните потешкотии со кои се справуваат македонските граѓани во секојдневниот живот. Во 45-те епизоди се обработуваат низа тематики, почнувајќи од граѓански активизам и човекови права, полова нееднаквост, семејно насилство, ксенофобија, корупција, слобода на медиуми, право на сексуална ориентација, однос кон децата и тинејџерите во општеството, традиционален наспроти модерен начин на живот, и ред други прашања.

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во недела се будиме со „Големото американско железничко патување”

Во серијата „Големо Американско железничко патување“ Мајкл Портиљо ги истражува Соединетите Американски Држави тргнувајќи од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!