Ајлин го изненади сопругот за роденден
Празник во семејството на Пелин Карахан. Пред неколку дена нејзиниот сопруг Бедри Ѓунаи наполни 35 години и по тој повод, турската актерка му направи роденденска торта. Роденденот го прославија гламурозно, но сепак во кругот на најблиските, заедно со нивното мало бебенце и поголемото синче Али Демир.
За разлика од серијата “Доста е!” во која Пелин толкува лик на психички малтретирана сопруга, во приватниот живот за неа цветаат рози. Бракот како што кажува е вистински благослов со таков човек како Бедри.
Инаку, убавата актерка се повлече на одреден период од актерските води. По напуштање на серијата “Доста е!”, го роди второто дете и наскоро започнува со свое кулинарско шоу во кое ќе биде водителка.
Дани | ТВ Пакет