Од понеделник до петок, сесиите ќе бидат на Сител
Датумот – 18 септември. Терминот – 22.20 часот. Денот – понеделник. Стартува “На терапија”, новата играна серија на Сител телевизија, снимена по странска лиценца, а во продукција на Кино Око. Се работи за досега најквалитетно изработениот продукт во рамки на играна програма во продолженија, во Македонија.
„Оваа серија ќе ги поттикне луѓето да почнат да разговараат за проблемите кои се поврзани со секојдневниот живот на македонскиот граѓанин, и можеби ќе пронајдат одговори за личните дилеми и прашања. Се надевам дека серијата ќе придонесе за отворање на дијалог на сите актуелни теми во нашето општество“.
– Роберт Насков, продуцент