Нова цртана серија на МТВ 1
Од следната седмица на првиот канал на Македонската телевизија во 19.15 часот започнува новата анимирана серија “Супер крилја”, наменета за деца од предшколска возраст. Серијата е во продукција на јужнокорејската FunnyFlux Entertainment, кинеската Qianqi Animation и американската продукција Little Airplane Productions со продукциска помош од јужнокорејските продукции Educational Broadcasting System и CJ E&M.
МТВ 1 ја има купено првата сезона од “Супер крилја” со вкупно 52 продолженија, додека втората сезона е во тек на реализација. “Супер авиончињата” лани ја добија наградата International Emmy Kids Awards во категорија – најдобра детска програма за предучилишна возраст.
Па дечиња, врзете се! Полетуваме со новиот и интересен лик – црвеното авионче Џет. Тоа патува на сите страни на светот, носејќи пакетчиња за децата. Сите неприлики кои го снаоѓаат на патот ќе мора да ги реши со помош на своите крилести пријателчиња, а децата гледачи на ова авантуристичко патување ќе запознаат нови култури, нови градови, нови земји.
Дани | ТВ Пакет